ВИДЕО: Бугарската Итна помош објави снимка од автобусот во пламен

1 min read

Бугарската Итна помош, која ги пренела седумтемина повредени патници кои успеааја да се спасат од автобусот што изгоре на автопатот „Струма“, објави снимка направена само десет минути по повикот, пренесе бугарската телевизија БНТ.

– Првото нешто што го видовме беше пожар на патот. Не знаевме што е. Тогаш го видовме запалениот автобус. Беше многу топло, поминав покрај него. Прозорците ми беа отворени, се плашев да не експлодираме додека поминуваме – вели возачот на Брзата помош Павел Музиски.

Само минута подоцна, пристигнале уште две амбулантни возила. Последен бил пренесен во болница патникот кој успеал да го скрши прозорецот.

– За време на превозот кон болницата ми кажа дека седел на задното седиште во автобусот. Слушнал силен тресок и автобусот почнал да гори. Тој со ногата го скршил стаклото, веројатно така и се повредил и скокнал низ прозорецот. За цело време на транспортот плачеше и го бараше синот кој седел на предното седиште, но телефонот ѕвонеше слободно – сведочи едно медицинско лице од Брзата помош.

Откако ги пренеле повредените, возилата на Брзата помош потоа ги пренеле и загинатите патници.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Во експлозија во рудник во Русија загинаа 52 лица, меѓу кои и шестмина спасувачи

Следно

Талески: Самите сме виновни, притисокот можеби направи да имаме лош старт на мечот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian