Вардар 1961 во обид да ја прекине негативната серија на порази во ЛШ

1 min read

Денеска (20.45 часот) Вардар 1961 ќе игра нов натпревар во Лигата на шампионите, во СЦ „Јане Сандански“ ќе гостува екипата на Пик Сегед, противник кој триумфираше во минатото коло против скопските „црвено-црни“ во Унгарија.

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ е свесен за лошата серија на порази во која се наоѓа клубот и дека пет загубени мечеви по ред би биле премногу за неговите критериуми и за критериумите на јавноста.

ЕХФ ги делегираше судиите за овој дуел, се работи за арбитрите од Романија, Ромео Штефан и Богдан Штарк. Делегат ќе биде Владимир Ранчик од Словачка.

Токму со вечерашната средба ќе се комплетира осмото коло во групата „А“ каде што моментно води Монпеље со 13 бодови, пред Кил (11), Алборг и Пик Сегед имаат по 10, Елверум е петтопласиран со осум, Вардар 1961 е на шестата позиција со пет, претпоследен е ППД Загреб со четири, а на дното Мешков Брест (1).

Воедно натпреварот ќе се игра со публика на трибините, пред почетокот на истиот со едноминутно молчење ќе им се оддаде почит на жртвите во трагичната сообраќајната несреќа на македонските граѓани во Бугарија и во знак на сочувство со нивните семејства.
Продажбата на билетите за натпреварот се врши онлајн на www.kupikartizase.com

Вујовиќ: Со добра одбрана и помалку примени голови против Пик Сегед

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Илиевска: Никој не е комфорен во битолскиот Совет, коалиции нема, соработка е императив

Следно

Што прави денеска: Вера Мештеровиќ, поранешна Мис на Македонија, сега ТВ-водителка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian