Синот на возачот тврди дека името на Шади Науф ал Садех го видел на списокот на преживеани во болницата

1 min read

Синот на возачот на автобусот на „Беса транс“, Бесар Мемеди за „Слободен печат“ вели дека неговиот татко Кадри со години возел на релација Скопје-Турција. Кога разбрал за трагедијата, Бесар се упатил во болницата во Бугарија да провери дали неговиот татко е на списокот меѓу живите. Тогаш, всушност, на листата на преживеаните го видел името Шади Науф ал Садех, а листата, според неговото кажување, му ја дала болницата.

– Бев во болница да ја видам листата на преживеани. На листата не беше татко ми и тогаш разбрав дека е починат. Не сум бил кај автобусот да го видам телото. Цел автопат беше блокиран. А името Шади Науф ал Садех беше на листата на преживеани од несреќата, изјави за Слободен печат синот на починатиот возач од кобната несреќа, Бесар Мемеди.

Мемеди додава дека не знае кој е патникот, од каде е, ниту пак го видел, бидејќи од болницата не дозволувале да се влезе.

ФОТО+ВИДЕО | ВО ЖИВО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕМА ја одобри вакцината Фајзер за деца на возраст од 5 до 11 години

Следно

Нов дебакл во квалификациите за СП, 11 пати се тресеше македонската мрежа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian