Шмит: Додик под притисок се откажа од формирање на војска на РС

1 min read

Високиот претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит изјави дека лидерот на босанските Срби, Милорад Додик под притисок се откажал формирање на војска на Република Српска.

Шмит за британскиот весник Гардијан истакна дека регионалните лидери го убедиле Додик да не ги повлекува босанските Срби од составот на вооружените сили на БиХ и да формира армија на РС.

Меѓународниот пратеник за мир на Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Германскиот дипломат не наведе кои регионални лидери го убедиле Додик дека тоа е опасен план, како за БиХ, така и за регионот.

Додик претходно разговараше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и премиерот на Словенија, Јанез Јанша.

– Да се спречи поништување на резултатите постигнати во изминатите 26 години е клучен приоритет. Успешен одговор на моменталните предизвици ќе и пружи на БиХ можност да напредува на патот кон Европска Унија, што подразбира и исполнување на цели и услови за завршување на меѓународната супервизија, е главната порака што Шмит му ја пренел на своите соговорници за време на неговата посета во Вашингтон

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Адеми и Ристовски за европска пролет против белгискиот Генк

Следно

Со липосукциска исхрана: Колинда Грабар-Китаровиќ денес изгледа подобро од кога и да е!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian