Се спасил влегувајќи во друг автобус, таму по грешка ги ставил куферите

1 min read

Џафер Долек бил еден од патниците кои требало да се возат во автобусот кој изгоре во страотната несреќа во Бугарија. Тој бил дел од групата која се враќала од Турција со агенцијата „Беса-транс“ и требало да се вози со автобусот кој изгоре на автопатот „Струма“, но по грешка ги ставил куферите во погрешен автобус и тоа му го спасило животот.

Долек требало да влезе и да ги стави куферите во автобусот кој изгоре на автопатот Струма во Бугарија, но откако тој веќе ги ставил куферите во другиот автобус, лице од агенцијата му кажало да влезе во истиот, бидејќи во него имало место.

Ова за телевизија Сител го раскажа таткото на Џафер, кој вели дека само господ го чувал неговиот син. Тој за несреќата разбрал откако се слушнал со синот, кој го известил дека безбедно стигнал во Скопје и му кажал дека во несреќата учествувал друг автобус.

Според новите информации, на автопатот „Струма“ во Бугарија во пожарот на автобусот на „Беса-транс“ животот го загубиле 44 лица, а 8 биле спасени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркел: Нови санкции за Русија доколку изврши агресија врз Украина

Следно

„Бомба“ од Англија: Рангник ќе го наследи Солскјер на клупата на Манчестер јунајтед!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian