Се јави „осмиот патник“ Шади Салех: Немам ништо со несреќата, по грешка ме ставиле на списокот

1 min read

Шади Науф ал Садех, мистериозниот патник со арапско потекло кој се најде на списокот со преживеани во болницата во Софија, вечерва се јави во бугарските медиуми, велејќи дека тој нема ништо со трагичната несреќа и дека по грешка е ставен на списокот.

Ал-Садех, кој е бугарски државјанин, вели дека тој бил во болницата „Пирогов“ затоа што му била скршена раката и не знае зошто го напишале неговото име, објави БНТ.

Во саботата, тој бил примен на одделот за трауматологија во болницата со фрактура на раката.

Забуната со името на Шади ал-Салех на списокот предизвика многу шпекулации за тоа кој е мистериозниот „осми патник“ кој ја преживеал несреќата. Синот на еден од возачите на автобусот, за „Слободен печат“ денеска изјави дека го видел името на ал-Салех напишано покрај имињата на другите преживеани.

Во меѓувреме, со сведоштво се јави уште еден патник кој требало да биде во автобусот кој изгоре на автопатот „Струма“, но по грешка ги ставил куферите во друг автобус на „Беса транс“ и патувал во него.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Детектираниот нов сој на корона претставува загриженост во Јужна Африка

Следно

Живот или „Squid Game“: Северна Кореја осуди лице на смрт заради шверц на популарната серија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian