Сарафов: Загинатите починале како последица на задушување од пожарот

1 min read

Обдукциите се завршени и сите покажуваат дека загинатите починале како последица на задушување од пожарот, а не од повреди здобиени од ударот, ниту од експлозија, соопшти на денешната прес-конференција директорот на бугарската националната истражна служба, Борислав Сарафов.

Како што вели тој, „во нивните бели дробови се утврдени траги од дим, што значи дека биле живи во моментот на пожарот“.

Досега се испитани двајца сведоци, патници во автобусот коишто биле будни во момент на инцидентот.

– И двајцата даваат објективни информации, испрашани независно еден од друг, изјавите им се совпаѓаат и ги земаме за апсолутно веродостојни, рече, додавајќи дека во моментот трае разговор со уште двајца од хоспитализираните пациенти.

Несреќата се случи во вторникот на автопатот „Струма“ кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул се запали. Во тек е истрагата на истражните органи и идентификација на жртвите која се очекува да заврши за седум дена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иран наскоро ќе стане нуклеарна сила?

Следно

ВИДЕО: Јанг и Богдановиќ ја продолжија победничката серија на Атланта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian