Ридли Скот ги обвини милениумците за неуспехот на неговиот нов филм

2 mins read

Ридли Скот ги обвини милениумците за неуспехот на неговиот филм „Последниот дуел“ на кино благајните ширум светот.

Прославениот 83-годишен режисер се пожали дека технологијата го намалила вниманието на младите додека разговарал со Марк Марон за неговиот подкаст WTF.

Нудејќи објаснување зошто филмот со Мет Дејмон и Бен Афлек заработи само 27 милиони долари од буџет од 100 милиони долари, Скот рече: „Мислам дека сè се сведува на она што го имаме денес, односно публика одгледувана на овие еб*ни мобилни телефони“, рече режисерот, пренесе Headliner.

„Милениумците никогаш не сакаат да учат ништо друго освен преку мобилен телефон. Ова е широк потег, но мислам дека сега се справуваме со тоа со Facebook. Мислам дека имаше погрешна насока кога оваа најнова генерација доби погрешен вид на самодоверба“, додаде Скот за Variety.

Марон рече дека е изненаден што акционото дело од тој период не одекнувало кај помладите, на што Ридли рекол: „Се согласувам со тебе. Особено со Мет Дејмон, Бен Афлек и Адам Драјвер и оваа нова девојка по име Џоди Комер… Сите мислевме дека е одлично сценарио и го направивме… Не можеш да победуваш постојано. Што се однесува до мене, никогаш не сум зажалил за ниту еден од филмовите што ги направив. Ништо“, рече Скот, додавајќи:

„Многу рано научив да бидам самокритичен. Единственото нешто за кое навистина треба да имаш мислење е тоа што си го направил. Погрижи се да си среќен. И не гледај назад. Тоа сум јас“, рече режисерот.

Ридли Скот има можност да се „поправи“, бидејќи во кината доаѓа неговиот нов филм „House Of Gucci“ со Лејди Гага во главната улога.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 25 ноември: Ви се отвора голема врата за напредок и заработувачка

Следно

Приватен детектив на кралското семејство му се извини на принцот Хари: „Бев „алчен, конзумирав кокаин“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian