Дојде време од годината кога компаниите почнуваат да се тркаат кој ќе има подобри и пооригинални новогодишни реклами во кои глуми Дедо Мраз.
Во групата се приклучи и британскиот мултинационален малопродажен ланец „Tesco“, кој се чини дека веќе има голема предност.
Имено, тие снимија многу актуелна новогодишна реклама, која за кратко време ги освои симпатиите на публиката. Откако минатата година на многумина им беше одземена празничната „магија“ поради епидемијата, оваа реклама ги води гледачите низ неколку сценарија кои потенцијално можат да ја расипат овогодинешната прослава, но и решение за ваквите ситуации.
ИЗВОР: lokalno.mk