Поранешен играч на Реал го критикуваше Меси: „Срамота, тој се шета на теренот“!

1 min read

Синоќа Манчестер сити по пресвртот успеа да го победи ПСЖ со резултат 2:1, а Лионел Меси новата ѕвезда на париските „светци“ повторно го привлече вниманието, но овојпат е „мета“ на критики.

Познато е дека парижаните до предност дојдоа преку Мбапе во 50 минута, па се вратија „граѓаните“ со погодоците на Рахим Стерлинг и Габриел Жесус.

Меси го критикуваат не затоа што не постигна гол. бр, туку верувале или не поради недоволната посветеност во текот на мечот.

Имено, на сите им е познато дека ПСЖ и покрај тоа што е втор во групата, зад Сити, е еден од главните кандидати за освојување на Лигата на шампионите.

Легендарниот холандски фудбалер Рафаел Ван дер Варт е прилично лут поради пристапот на Меси кон натпреварот.

– Тоа навистина ме нервира. Се работи за желба. Меси на теренот изгледа слаб ако не постигне гол или асистенција. Лошо го одигра овој мел. Кога го гледате Роналдо, тој се мачи и сака да го подигне својот тим на повисоко ниво. Меси се шета на теренот и се прашувам дали не се срами? Почнувам да се нервирам поради тоа – рече Ван дер Варт.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кој е мистериозниот осми патник со арапско потекло кој излегол жив од запалениот автобус и исчезнал

Следно

Романскиот парламент ја одобри новата коалициска влада на премиерот Николае Чиука

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian