Песков: Русија нема никаква поврзаност со т.н. Хавански синдром

1 min read

Кремљ денеска соопшти дека Русија не е поврзана со така наречениот Хавански синдром, мистериозна болест, која погоди повеќе од 200 американски дипломати, претставници и членови на семејствата во странство.

Кремљ одговори на вчерашниот текст на Вашингтон пост во кој се наведува дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс за време на неодамнешната посета на Москва им кажал на претставниците на руските разузнавачки агенции дека е неприфатливо странски разузнавачки агенции да предизвикуваат повреди на мозокот и други болести на американскиот персонал и на членовите на нивните семејства.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна за тоа не било разговарано на политички состаноци за време на посетата на директорот на ЦИА или со претседателот Владимир Путин.

Песков додаде дека не може да коментира приватни разговори кои се воделе со претставниците на руските безбедносни служби.

– Тука можеме само цврсто да негираме какви било индиции, импликации или изјави за наводна вмешаност на руската страна во овие случаи. Немаме ништо со тоа, истакна Песков.

Симптоми како што се вртоглавица, гадење, мигрена и проблеми со меморијата е наречен Хавански синдром, бидејќи првпат бил пријавен кај персоналот во Амбасадата на САД на Куба во 2016 година.

Барнс: Од „Хавана синдромот” заболеле 100 службеници на ЦИА и членови на нивните семејства

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Општина Илинден: Континуирано работиме на подобрување на електроенергетската мрежа

Следно

Шпанците пред мечот во Скопје: Сите ривали се многу опасни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian