Денеска во својот петти натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство, најдобрата македонска женска фудбалска репрезентација во Скопје на ФФМ Тренинг центарот загуби со високи 0:11 од Северна Ирска.
Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме кога противникот имаше предност од убедливи 0:7.
Мегил четирипати се запиша во листата на стрелците (11`, 42`, 73`, 90`), хет-трик запиша Фурнс (4`, 16` пенал, 68`), а по еденн гол имаа МекКена (10`), Вејд (26`), МекГвинес (33`) и Холовеј (90+1`).
Тоа беше четврти пораз за избраничките на селекторот Кирил Изов во квалификациската група „Д“ за моментно четврто место со три бода, колку и Луксембург на четвртото место, на дното е Летонија (0).
Северна Ирска стигна до третиот триумф за трето место со 10 бодови, колку што имаат и Австријките како второпласирани, а лидер е Англија со 12.
За четири дена следува возвратната пресметка помеѓу репрезентациите на Северна Ирска и Македонија.