Ниту еден автобус на „Беса транс“ не бил евидентиран бидејќи системот работел бавно, вели директорката на Царина

1 min read

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров, во вечерашното гостување на ТВ24 изјави дека ниту еден од четирите автобуси на Беса транс кои вечерта на 18 ноември ја напуштиле Македонија, не бил електронски евидентиран од царинските служби на граничниот премин „Деве Баир“.

Цариниците кои биле на смена рекле дека не ги евидентирале автобусите бидејќи имало многу гужва, а системот работел бавно.

-Исто како и кобниот автобус, вечерта на 18ти поминале уште три автобуси на Беса транс, и за нив немаме евиденција во системот. Имаме одредени документи како патен лист, интербус и патна листа. Тоа е уште една причина дека имало несовесно постапување. Но, тоа не значи дека не била побарана лиценца. Самата постапка налага возачот да приложи низа документи, меѓу кои и изводот од лиценцата. Врз основа на тие документи треба да се направи електронската евинденција. Колегите тврдат дека тие документи ги побарале, само недостасува електронската евиденција во системот. Најверојатно ги побарале документите, но ние не држиме копија од тие документи, рече директорката.

„Колегите тврдат дека тие документи ги побарале, само недостасува електронската евиденција во системот. Најверојатно ги побарале документите, но ние не држиме копија од тие документи, додаде Кутиров.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Португалија воведува рестриктивни мерки и за вакцинираните

Следно

Вардар заборави да победува во ЛШ, петти пораз по ред за „црвено-црните“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian