Не е прифатена кандидатурата на синот на Гадафи за претседател на Либија

1 min read

Изборната комисија на Либија ја дисквалификуваше кандидатурата за претседател на Саиф ал-Ислам, синот на поранешниот повеќедецениски лидер на оваа држава, Моамер Гадафи.

Ал-Ислам беше на списокот на оние чијашто кандидатура не е прифатена па може да се жали на оваа одлука.

Судот во главниот град Триполи во 2015 година го осуди на смртна казна откако утврди дека во 2011 година насилно се спротивставил на бунтот против режимот на татко му. Меѓународниот кривичен суд го твари за злосторства против човештвото. Во јуни 2017 година тој беше пуштен од притвор каде што помина пет години.

Во Либија на 24 декември ќе се одржи првиот круг од претседателските избори и тоа по повеќегодишни напори на ОН да воспостават демократско владеење по тешката граѓанска војна.

Ал-Ислам има докторирано на престижната Школа за економија во Лондон. За време на бунтот против владеењето на татко му беше сметан за потенцијален реформатор на режимот.

Моамер Гадафи имаше осум деца, а за повеќето од нив агенцијата Асошиејтед прес објавува дека имале значајна улога во Либија. Синот Муатасим беше убиен во истото време кога и Моамер. Синовите Саиф ал-Араб и Камис беа убиени претходно. Ал-Саади во септември годинава беше пуштен од притвор во Триполи каде помина седум години.

Херој или диктатор? Десет години по смртта на Гадафи, нова надеж за Либија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градот Скопје ќе додели парична помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа 25.11.2021

Следно

Кој е мистериозниот осми патник со арапско потекло кој излегол жив од запалениот автобус и исчезнал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian