Не бев добар сопруг и Бог ќе ми ја врати: Канје прозборе по новата врска на Ким

4 mins read

Канје Вест, или сега веќе едноставно Је, призна дека „не бил добар сопруг и Бог ќе му ја врати Ким Кардашијан“ – и ова беше прв негов коментар на односот со Ким откако се рашири веста дека реалити ѕвездата продолжува понатаму вчегувајќи во врска со Пит Дејвидсон.

44-годишниот рапер беше во мисијата во Лос Анџелес за да достави 1.000 оброци на несреќници и бездомници. Но непосредно пред да ја заврши посетата, Канје го грабна микрофонот и сподели порака за верата со публиката која го опкружуваше.

„Наративот што Бог го сака е да видите дека сè може да се врати и сите оние релации во кои направивме грешки. Јас направив грешки. Јавно правев работи што не беа прифатливи како сопруг, но токму сега денес од која било причина – не знаев дека ќе стојам токму овде – не знаев дека ќе бидам пред овој микрофон.“

Иако Канје немаше подготвен говор, неговата идеја да проговори беше конечно изјаснување и долгоочекуван коментар на ситуацијата помеѓу двојката. Тој ги повика мрежите на „Е!“ и „Hulu“ откако тие емитуваа стриминг емисии за Кардашијан.

„Тука сум да го променам тој наратив. Не дозволувам Е! да го напишете наративот на моето семејство. Не дозволувам Хулу да го напише наративот на моето семејство“.

Откако се изјасни дека тој е свештеникот на неговото семејство, Канје изјави дека мора да биде до неговите деца што е можно повеќе, и токму затоа купил куќа до куќата на неговото семејество веднаш штом се одвоил од Ким.

„Правам се за да бидам веднаш до ситуацијата. Ако непријателот може да го раздели Кимје, ќе има милиони семејства кои ќе се чувствуваат дека разделбата е во ред“.

Тој додаде дека кога Бог ќе го собере Кимје, ќе има милиони семејства на кои ќе се влијае за да видат дека можат да ја надминат работата на одвојувањето, на траумата, и ѓаволот кој избира да капитализира и да ги држи луѓето во беда додека луѓето ги прегазуваат бездомниците за да одат во продавницата на Гучи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)

Ѕвездата на „Keeping Up With the Kardashians’ поднесе барање за развод од раперот во февруари, а поранешната двојка има четири деца заедно: Норт, 8, Сент, 5, Чикаго, 3 и Псалм, 2.

Нивниот брак почна да се распаѓа кога Канје ја започна својата кандидатура за претседател и сподели многу од нивните лични информации со јавноста за време на настаните и на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GlamKardashian_Edit (@glamedit_au)

Канје неодамна отиде на подкаст за да ги потсети луѓето дека Ким технички сè уште е негова сопруга бидејќи разводот не е финализиран, иако таа наводно е подготвена да продолжи од нивниот неуспешен брак.

И покрај инсистирањето дека ќе се смири со Ким, се верува дека и самиот Канје продолжил понатаму, со 24-годишната манекенка Винетриа Чабс. Гласините велат дека Винетриа и Канје се гледаат веќе „некое време“ по неговото разделување со Ким.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Грција активни 54.000 случаи на ковид-19, здравствениот систем и понатаму под притисок

Следно

По вторпат за еден месец американска делегација од Конгресот во посета на Тајван

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian