Мицотакис: Очекувам стапката на раст да надмине седум отсто во 2021 година

1 min read

Економијата импресивно закрепнува, очекувам стапката на раст да надмине седум отсто во 2021 година и пет проценти во 2022 година, вели премиерот на Грција Киријакос Мицотакис во интервју за „Вашингтон пост”, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер истакнува дека невработеноста во земјата се намалува, а младите за првпат се враќаат назад.

За односите со Анкара, Мицотакис објаснува дека „ако Турција продолжи со агресивното однесување може да има последици за неа, санкции од ЕУ”.

-Од друга страна, ако Турција престане со нејзиното агресивно однесување во Егејското Море и Источниот Медитеран, има простор да седнеме на маса и да ги решиме нашите разлики, истакнува Мицотакис.

Во однос на евентуална посета на САД, во интервјуто коментира дека тоа, би можело да се случи во првата половина на 2022 година.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Пливачките клубови покренуваат иницијатива за смена на Александар Маленко од НПФ

Следно

ФОТО | Tурската актерка Бергузар Корел: „Се пораѓав 11 часа, тоа беше болно, единствено искуство… Лејла се роди со папочната врвца околу вратот“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian