Кога би знаеле колку е лековит сокот од компири, би го пиеле секој ден!

3 mins read

Наједноставните решенија понекогаш се и најдобри. Овој рецепт може многу лесно да го подготвите, не претставува речиси никаков трошок, а може навистина многу да ви помогне.

Можеби ќе се запрашате зошто некој воопшто би пиел сок од компири, но не е секогаш сè во вкусот. Најлековитите нешта имаат потполно непривлечен вкус за нас, а она што лично за нас е највкусно, всушност и најмногу нè труе.

Сокот од компири е прилично блунтав и безвкусен, но затоа пак е исклучително здрав, па се пие во рамките на Бројсовата медицинска диета. Еве за што сè е добар овој лековит сок.

Го алкализира телото

Сокот од компири е базен па затоа може да помогне во воспоставување на кисело-базна рамнотежа на организмот, што е особено важно за нас бидејќи начинот на исхрана кој денес го практикуваме предизвикува нашето тело секогаш да тежнее кон киселост.

Помага против гихт

Сокот од компири го намалува нивото на мочната (уричната) киселина и со самото тоа помага против гихт.

Има противвоспалително дејство

Поради ваквото дејство овој сок може да помогне кај артритис и други облици на воспалителни процеси, посебно кај зглобовите, но и при болки во грбот. Исто така, сокот од компири ја поттикнува циркулацијата во сите телови на телото.

Ја чисти кожата

Сокот од компири има смирувачко дејство на егземите, па дури и на акните и помага да се исчисти кожата.

Помага во процесот на слабеење

За таа цел треба да се пие по една шолја сок од компири пред појадокот и уште една 2 до 3 часа пред легнување.

Го чисти црниот дроб

Затоа што може да се користи за детоксикациски диети (како што се користи и во Бројсовата диета), но исто така и може да го потпомогне функционирањето на црниот дроб и жолчната кеса, во случај на проблеми. За оваа цел се пијат 2дл сок наутро, на празен стомак.

Помага во лекуцање на гастритис и чир

За таа цел се препорачува да се зима по една лажица сок од компири разредена со малку вода половина час пред појадокот, ручекот и вечерата.

Како се прави?

Овој лековит сок се прави на сосема едноставен начин. Компирите добро исперете ги и излупете ги и отстранете ги сите зелени делови и никулци ако ги има. Потоа изрендајте го и ставете го во ленена крпа и исцедете го сокот (може да употребите и соковник).

Сокот секогаш пијте го свежо исцеден, а ако ви е невкусен, може да го измешате со сок од лимон, јаболки, моркови и мед.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Јанг и Богдановиќ ја продолжија победничката серија на Атланта

Следно

Крадци ограбиле продавница на Луј Витон, земале стока вредна 120.000 долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian