Град Скопје распиша нов тендер за струја, се очекува поскапа цена

1 min read

Град Скопје распиша тендер за снабдување со електрична енергија откако досегашниот снабдувачот го раскина договорот, пренесува портаот СДК

Поради најавена енергетска криза, фирмите кои имаат склучено договор со Општините и јавните установи почнаа да ги раскинуваат договорите оти цената на струјата се очекува ќе расте.

Од Град Скопје за порталот велат дека градот нема да остане без струја и улично осветлување додека се избере нова фирма, бидејќи постапено е согласно Законот за енергетика.

„По раскинувањето на договорот со компанијата ‘У Пауер’ на 1 октомври, Град Скопје во овој момент се снабдува со електрична енергија од снабдувач во краен случај, согласно Законот за енергетика и Правилата за снабдување со електрична енергија. Во моментов, не можеме да дадеме проценки за висината на новиот договор и колку ќе се плаќа за електрична енергија во 2022 година, истото зависи од поголем број на фактори, но генерално се очекува повисока цена поради состојбата со енергетската криза“, велат од Град Скопје за СДК.  

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Што прави денеска: Вера Мештеровиќ, поранешна Мис на Македонија, сега ТВ-водителка

Следно

Франција ќе дава засилувачка доза од анти-ковид вакцината на сите лица над 18 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian