Град Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

1 min read

Град Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на загинатите од Скопје во автобуската несреќа пред два дена во Бугарија.

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите.

– Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување, информира Град Скопје.  

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

7 типови на мажи со кои жените НИКОГАШ нема да бидат среќни!

Следно

Во Фајзер украдени податоци за вакцината против Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian