Бомбашки напад во Сомалија: Осуммина загинати, 17 повредени меѓу кои и деца

1 min read

Во исламистичкии бомбашки напад пред училиште во главниот град на Сомалија загинаа осум лица, а 17 се повредени, од кои 13 деца, во последната од серијата смртоносни експлозии оваа година.

Одговорноста за експлозијата што се случила околу 7:30 часот утрово ја презедоа милитантите на Ал Шабааб, кои рекоа дека целта им била да нападнат конвој на Обединетите нации кој минувал во близина на училиштето.

Портпаролот на ОН во Могадишу одбил да коментира. Неименуван претставник на ОН рекол дека никој од меѓународниот персонал не е повреден, но дека нема информации дали се повредени работници од Сомалија.

„Училиштата и сите други места каде што се собираат децата треба да бидат безбедни за децата во секое време“, рече во соопштението Мохамед Малик Фол, регионален директор на УНИЦЕФ за Источна и Јужна Африка.

Портпаролот на полицијата, Абдифатах Аден Хасан изјавил за новинарите дека бомбаш самоубиец во теренско возило полно со експлозиви се обидел да удри во конвој на ОН.

Абдијасис Абу Мусаб, портпарол на воените операции на Ал Шабаб, потврдил дека исламистичката група го извршила нападот насочен кон конвој на ОН.

Ал Шабаб со години се бори против централната власт во Сомалија и се обидува да ја преземе власта за да наметне строго толкување на исламскиот шеријатски закон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | На која подобро ѝ стои? Ким Кардашијан и Јелена Спенџарска во сличен фустан

Следно

И со новите предлог-мерки, нема најава за ограничување на цената на ПЦР-тестовите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian