АПЕЛ за помош на тригодишно дете: Филип се лекува од рак во Турција, терапијата ќе трае уште 3 месеци

1 min read

Родителите на тригодишниот Филип Петровски од Скопје упатуваат апел за помош за нивниот тригодишен син да може да ја продолжи борбата со опасната болест и да се излекува.

На малечкиот Филип пред 3 месеци му е дијагностициран рак (Rhabdomyosarcoma).  Лекувањето започна во Македонија во август месец, но дијагнозата беше поставена и утврдена во Турција во септември. Филип веќе 3 месеци се лекува во турската болница “Medical Park”.

-Според денешните истражувања и терапии, постои можност да се излечат скоро 3 од секое 4то заболено дете со ваков тип на рак. Ова ни дава можност и волја да се надеваме дека и Филип успешно ќе се избори и излечи, пишуваат родителите во апелот за помош.

Според лекарите од Турција Филип треба да го продолжи таму лекувањето и во наредните 3 месеци.

-Моментално трошоците за лекување ги покрива ФЗОМ на Р.С. Македонија, но поради продолжувањето на третманот сме во неизвесност дали финансирањето ќе биде продолжено. Од таа причина секоја донација е добредојдена, известуваат од семејството Петровски.

Донациите може да се префрлат на отворената трансакциска сметка од Halkbank.
Трансакциска сметка: 270700067933123
Име: Александар Петровски
Семејството однапред се заблагодарува за хуманоста.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Со „Вишновата градина“ на Турскиот театар в петок продолжува МОТ

Следно

ВИДЕО: Ирански голман влезе во Гинисовата книга на рекорди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian