Албанија отвори истрага за смртта на четворицата руски туристи во сауна кои ден претходно престојуваа во Охрид

1 min read

Албанското обвинителство денеска соопшти дека отворило истрага за убиството во хотелската сауна по повод смртта на четворица руски државјани кои  беа пронајдени мртви на 15 октомври во хотел во селото Керет, на 50 километри од Тирана, пишува Панорама.

Четворицата Руси, маж и жена, нивната ќерка и зет, првично се мислеше дека починале од задушување, но околностите беа неразјаснети и официјалниот судски извештај не беше објавен.

Русите еден ден пред да допатуваат на албанското приморје престојувале во Охрид, а како една од можните причини за смртта која настапила одеднаш беше уште од таму да биле затруени со храна или евентуално да консумирале психотропни супстанции. На барање на Руската амбасада во Тирана, во истрагата беа вклучени и руски експерти.

Обвинителите, сепак, соопштија дека случајот го регистрирале како убиство и додадоа дека ги оценуваат доказите и исказите на сведоците.

Починатите лица се Наталија Буренкова (58), Сергеј Буренков (60), Екатерина Буренкова (31) и Никита Белоусов(37).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Талески: Самите сме виновни, притисокот можеби направи да имаме лош старт на мечот

Следно

ВИДЕО | Народниот шампион направи неверојатен гест: Двејн „The Rock“ Џонсон го подари својот сопствен Форд на фан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian