Џафери испрати телеграма со сочувство до семејството на поранешниот пратеник Стојан Ковачевски

1 min read

Претседателот на Собранието Талат Џафери испрати телеграма со сочувство до семејството на поранешниот пратеник на СДСМ од Струга, Стојан Ковачевски, кој почина вчера.

„Дозволете од свое лично име и од името на пратениците на Собранието да изразам длабоко сочувство за големата семејна загуба на семејството Ковачевски. Тажната вест ја примив со искрено жалење, бидејќи почитуваниот Стојан Ковачевски, беше и долгогодишен поранешен пратеник, беше наш драг и почитуван колега кој со својата принципиелност, професионалност и праведност, беше пример за сите колеги, без оглед на политичката провиниенција. Несомнено е дека беше дел од градењето на политичкиот плурализам во земјата, и дел од носењето на значајните и стратешки одлуки за иднината на земјата, со безрезервна посветеност на актуализирање и барање законски решенија за демократизирање на општествениот живот на Македонија и унапредувањето на земјата во секој можен сегмент од тој живот.

Изразувам сочувство и до познаниците, пријателите и соработниците на нашиот драг поранешен колега, убеден дека споменот за него, неговата посебност и праведност, ќе останат вечно во нивните спомени, затоа што знам дека тој ќе биде дел од нашите спомени на заедничките битки за подобро утре за нашите граѓани.

Искрено сочувство, нека почива во мир!“, се наведува во телеграмата на Талат Џафери.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По вторпат за еден месец американска делегација од Конгресот во посета на Тајван

Следно

Николов: Ќе се обидеме да им вратиме на Шпанците за поразот на Евробаскет 2011

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian