Возеле и со неисправни сопирачки: Околу 200 технички неисправни возила превезувале патници во охридско-струшкиот регион

1 min read

 Околу 200 технички неисправни возила биле затекнати при вршење јавен превоз на патници во охридско-струшкиот регион, при акциски контроли на полицијата од почетокот на годината досега.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека се работи за 11 автобуси, а останатите биле комбиња и автомобили, кои превезувале патници.

– Најчесто возилата биле со неисправни сопирачки и веднаш се исклучени од сообраќај, а против сопствениците се поднесени соодветни пријави. Исправноста на возилата за јавен превоз е клучна за безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди во кои згаснуваат голем број човечки животи, изјави Димоски.

Упати апел до сите учесници во сообраќајот, посебно до возачите на патнички моторни возила и тие кои вршат јавен превоз, строго да се придржуваат до одредбите за безбедност во патниот сообраќај.

Покрај неисправноста на возилата, додаде дека голем број возачи не ја почитуваат дозволената брзина или управуваат под дејство на алкохол.

На поддрачјето на ОВР Струга од почетокот на годината се случиле 122 сообраќајни незгоди, во кои три лица го загубиле животот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во време кога тензијата расте, Русија и Украина одржуваат воени вежби

Следно

Бајиќ: Сакам да им дадам шанса на играчи како Симиќ и Маслинко, можеби ќе трпат резултатите, но младите треба да играат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian