Во Бугарија годишно умираат 8.500 луѓе од загаден воздух

1 min read

Концентрацијата на PM2,5 во воздухот во Софија денеска е 6,1 пати повисока од годишната препорачана вредност на СЗО за квалитетот на воздухот, според Индексот за квалитет на воздухот (AQI), јавија бугарските медиуми.

Во Бугарија, повеќе од 8.500 луѓе годишно умираат предвреме од болести предизвикани од загадениот воздух. Ова е повеќе од оние кои гинат во сообраќајни несреќи, покажуваат официјалните податоци на Светската здравствена организација.

Бугарија е на третото место во светот по смртност предизвикана од загадениот воздух (по Северна Кореја и Босна и Херцеговина). Според СЗО, нискиот квалитет на воздухот чини 29,5 отсто од БДП на земјата поради намалената продуктивност и трошоците за здравствена заштита.

Според AQI, најзагаден воздух во Бугарија дишат жителите на Стара Загора, а потоа следи главниот град. Трета е Враца, потоа Девња, Ловеч, Видин, Велико Трново, Пловдив, Шумен и Перник.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борусија му нуди двојно поголема плата на Халанд за да остане на „Сигнал Идуна Парк“

Следно

Трикови кои ве мамат да трошите незабележително: Овие нешта не се случајни во супермаркетите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian