Видео: Објавен трејлерот за „Човек – лав стори“ – филм за една скопска љубов

1 min read

На 30. месецов во Кинотеката на Македонија, со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде прикажан третиот краток филм за старо Скопје со наслов „Човек – лав стори“, чиј автор е Катерина Габунија. 

Третиот филм е всушност продолжение на првите два дела – „Тајните архиви на Скопје“ и „Раѓањето на градот“  за чија реализација скопјани несебично ја помагаат со сопствени снимки од приватните архиви.

-Во овој трет дел акцентот е на љубовта. Таа ги спојува сите генерации и ги поврзува минатото и сегашноста. Љубовта е најсилната емоција која секогаш ја освојува публиката пред филмското платно. Слатка, возбудлива и горка сме ја искусиле сите и најлесно ни е да се соживееме и да ја разбереме таа емоција. Љубовта е наша движечка сила, која не мотивира да твориме. „Човекот“ не е совршен, знае и да згреши, но љубовта која ја дава, барем на кратко (онаа таинствената) е најсилна и вистинска. Нефилмуваната љубов на скопјани е послатка и пореална од совршената, вели авторката за порталот „Република“.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Што прави денеска: Викторија Лоба, пејачка

Следно

Германија блиску до нова влада: Партиите денеска потпишаа коалициски договор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian