ВИДЕО: Џеко го реши Шахтјор, Ајакс по стапките на Баерн

2 mins read

Фудбалерите на Интер се наоѓаат пред пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите откако со одлична игра во второто полувреме го совладаа Шахтјор со 2:0 во натпревар од групата Д.

Стрелец на двата гола беше Един Џеко и со трите бода, Интер изби на првото место на табелата со 10 бода по пет кола, еден повеќе од Реал Мадрид кој вечерва му гостува на Шериф Тираспол.

Иако во првото полувреме беа подобар противник, „неразурите“ не успеаја да постигнат гол, а најблиску до него беа во 23. минута кога по ударот на Ранокија со глава, топката заврши покрај голот. Веќе во наредниот напад Перишиќ постигна гол, но беше поништен поради офсајд.

Тоа што го пропуштија во првото полувреме, фудбалерите на Интер го надополнија во второто и тоа преку Џеко. Репрезентативецот на БиХ, првиот гол го постигна во 61. минута, а пет минути подоцна го постави конечниот резултат.

Фудбалерите на Ајакс му се придружија на Баерн Минхен со пет победи во петте досегашни кола во групната фаза во ЛШ. Последна жртва на холандскиот шампион беше Бешикташ кој во Истанбул е совладан со 1:2 и тоа благодарение на двата гола на Себастијан Халер.


Рашид Гезал со удар од белата точка му донесе водство на Бешикташ во 22 минута, а одговорот на Ајакс дојде во второто полувреме. Халер прво во 54 минута го израмни резултатот, а во 69 минута го постигна вториот гол со кој му донесе нова победа на својот тим.
По пет кола, Ајакс има максимални 15 бодови, додека Бешикташ остана закован на дното на табелата без освоен бод.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И Спасовски има информации дека немало туби со нафта во автобусот на „Беса транс“

Следно

ФОТО | Животинскиот рај на Никола Богдановски: Својата љубов кон животните ја пренесе и на малото братче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian