ВИДЕО | Бочварски: Само истрагата може да покаже кои се пропустите

2 mins read

Вчера, во текот на денот, бев во Министерството за транспорт и врски, бев и на седница на Владата, каде што една од точките беше оваа страшна несреќа која нѐ погоди сите. Во Министерството бев заедно со службите да започнеме со сите оние проверки на документацијата и постапки за запознавање на Владата и јавноста. Бев во контакт со министерот за транспорт на Бугарија. Тој остана отворен доколку има потреба да бидам присутен во Софија, изјави за Утрински брифинг министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

-Согласно привичните информации синоќа имавме и прес конференција на која што ги изнесовме сознанијата, но во секој случај истрагата ја водат бугарските обвинители во кординација со македонските и ние сме на располагање да ги дадеме сите наши сознанија кои што ги имаме, вели Бочварски.

-Министерството и во овој момент работи и ги обавува своите обврски во делот на патниот сектор. Имаме сектор за патен сообраќај кој што јас го надргадувам постојано, каде што луѓето имаат обемна работа. Ние го вршиме административниот дел во однос на целиот склоп на постапки во делот на патниот превоз, односно издаваме лиценци на транспортните компании, вели министерот Бочварски.

-Во однос на надзорот и контролата на јавниот превоз тоа го има Државни инспекторат за транспорт. Согласно европските регулативи инспекторатите се извлечени од министерствата за да бидат посебен дел од ресорот кој што ќе ја контролира работата и на тоа што е издадено како документација, но и работата на терен, додава Бочварски.

-Во делот на министерството имаме внатрешна ревизија која што остојано ги контролира издадените акти и тоа несомено се прави. Овде станува збор за склоп на институции. Јас не можам да ја контролирам работата на Државниот инспекторат за транспорт, на Царина, на МВР, додава тој.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шведскиот Парламент ја избра Андерсон за првата премиерка на земјата

Следно

Судот го прогласи Бензема за виновен, фудбалерот доби условна казна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian