Вархеји: БиХ ќе остане без финансиска помош, ако продолжи блокадата на државните институции

1 min read

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска во Сараево изјави дека Босна и Херцеговина ќе остане без значителна финансиска помош ако продолжи блокадата на работата на државните институции.

Тој наведе дека повлекувањето на претставниците на Република Српска од работата на државните институции на БиХ дополнително ја оддалечува земјата од ЕУ, додавајќи оти решенијата може да се бараат само преку дијалог.

Вархеји, по состанокот со членовите на Претседателството на БиХ и на Советот на министри, како и со опозициските лидери, истакна дека земјата мора да работи на исполнување на 14 приоритети од

Мислењето на Европска комисија, што е „зацртана мапа на патот кон идно членство на БиХ во ЕУ.

Дури тогаш оваа земја може да ги реализира сите придобивки што доаѓаат од програмите и фондовите на ЕУ, вклучително и европскиот инвестициски пакет, што е за поддршка на помошта за време на пандемијата, истакна Вархеји.

Тој предупреди дека БиХ ќе претрпи многу последици доколку не се деблокира работата на државните институции.

– За целосно да ги уживаме сите придобивки преку овој вид помош, треба да имаме итни мерки и активности кои треба да се преземат, посочи Вархеји.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Португалската полиција во акција, ги „тресе“ фудбалските екипи поради затајување данок

Следно

Џеј Зи стана најноминираниот изведувач во историјата на наградите Греми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian