Трагедија: Почина бразилски фудбалер на 24 години

1 min read

Бразилскиот фудбалер Руилер де Оливеира Фаустино, кој игра за јапонскиот прволигаш Шонан Белмаре, почина на 24-годишна возраст.

Причината за смртта на поранешниот младински бразилски репрезентативец сè уште е непозната и се чекаат наодите од обдукцијата.

-Многу сме тажни поради ненадејната и трагична вест за смртта на Оливеира. Му изразуваме длабоко сочувство на семејството и пријателите – објави јапонскиот тим.

Оливеира кој има во средниот ред, во 2019 година пристигна во Јапонија и потпиша за Мијазаки Кјушу, а минатата година се пресели во Шонан. Оваа сезона Оливеира одигра само два првенствени натпревари за Шонан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МАПА: Сите големи несреќи кои досега ја погодиле Македонија

Следно

ФОТО | Валентина Дукова ни ги открива тајните на природнот мед: Како што имаме матичен лекар, треба да имаме и свој матичен пчелар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian