Сувиот воздух е карактеристичен за простории во кои се грее, но знае да биде и опасен, затоа што во него може да се задржат вируси и бактерии. Притоа, грлото и носот ви се сушат. Што да направите во овој случај?
Зимските месеци нужно бараат да се згреете, а бидејќи не е пријатно ни ефикасно да разладувате пречесто или да отворате прозорци, за освежување на воздухот постои едно билно и безопасно решение – а тоа е растение кое ќе ви биде навлажнувач на воздухот. Водена палма или Cyperus alternifolius е билка со потекло од Мадагаскар. Таа расте и до два метри висина, а карактеристична е по обликот на листовите кои се шират како лентички растејќи од малечките стебленца.
Единствена обврска околу оваа билка е да ја наместите во агол каде ќе ја фаќа сонце и обилно полевајте ја со вода. Водената палма бара доста вода, затоа што на тој начин таа „пушта“ пареа и ќе ви го навлажнува воздухот. Можете да ја чувате како саксиско цвеќе или во сад со вода, како водена култура.

Вакви собни растенија генерално помагаат да се одржи влажноста на воздухот во вашиот дом, затоа што влагата испарува низ лисјата што е особено важно затоа што без оглед дали греете со парно или клима уреди, воздухот станува сув по одредено време.
Водената палма е совршен предлог за вас, а можете да си набавите малечка или голема по раст. Овие благородни билки ослободуваат и по два литри вода дневно.
Извор: www.slobodenpecat.mk