Путин третата вакцина против ковид ја примил во нос

1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека е меѓу првите на кои му била дадена нова „пионерска“ руска вакцина против ковид-19.

Имено, тој како дел од реимунизацијата ја примил вакцината со спреј која му била ставена во нос без никаква игла.

Говорејќи на состанокот на владините претставници во средата, Путин потврди дека добил назална формула, заедно со засилена доза од вакцината, пренесува РТ.

Ме замолија да земам длабок здив и да избројам до три . Шест месеци по вакцинацијата, нивото на моите антитела падна и експертите препорачаа процес на ревакцинација, рече рускиот претседател.

Рускиот претседател тврди дека по процедурата немал никакви непријатни последици.

Како што претходно објавија медиумите, рускиот претседател понудил да стане волонтер во тестирањето на руската назална вакцина против ковид.

Откако во неделата прими трета доза од вакцината Спутник Лајт, Путин доброволно се пријави да учествува во тестирањето на руската назална вакцина против коронавирусот.

За време на состанокот со Денис Логунов, заменик директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеј, кој произведува вакцини за Спутник, рускиот претседател се согласи да потпише согласност за учество во експериментот.

Во Русија најмногу починати за еден ден од почетокот на пандемијата на ковид-19

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Општина Чаир средствата за новогодишно украсување ќе ги додели на семејствата на жртвите во автобуската несреќа

Следно

Касами: Долгот на Општина Тетово е над 24 милиони евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian