Општина Чаир средствата за новогодишно украсување ќе ги додели на семејствата на жртвите во автобуската несреќа

1 min read

Советот на Општина Чаир денеска на вонредна седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата чии роднини ги загубија животите во трагичната несреќа што се случи вчера во Бугарија.

Како што информираат од Општината, едногласна била одлуката средствата предвидени за украсување на територијата на Чаир за новогодишните празници да бидат распределени на семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Бугарија.

– Советот едногласно ја одобри одлуката. Тоа значи дека од сметката 425990, програма Е0 одбиваме 1.200.000 денари и истите ги додаваме на сметката 412110 програма А0 – постојани резерви, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Советот на општината формираше и комисија со претставници од сите партии во Советот на Општина Чаир и еден вработен од општинската администрација, кои ќе одлучуваат за распределбата на овие средства.

– Нека им е лесна земјата на оние што ги загубија животите, а нивните роднини, пријатели, колеги нека живеат и нека се сеќаваат на нив, изјави градоначалникот Ганиу. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

„Nightmare Alley“ – Гиљермо дел Торо за првпат со филм без натприродни елементи

Следно

Путин третата вакцина против ковид ја примил во нос

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian