Новогодишна реклама каква што не сте виделе: Дедо Мраз има момче (ВИДЕО)

1 min read

Новогодишните реклами обично не повикуваат да купиме подароци за блиските и да уживаме во вкусните семејни гозби. Оваа реклама не повикува да го разбереме и промениме светот на друго ниво.

Рекламата за норвешката пошта „Кога Хари го запозна Дедо Мраз“, ја слави 50 години од декриминализацијата на хомосексуалноста во Норвешка, а го следи осамениот Хари кој ја пронаоѓа љубовта на својот живот во Дедо Мраз.

Хари е средовечен маж кој има семејство, има свој живот, но нешто му недостасува. Дедо Мраз е обичен човек кој сака разговори покрај камин, прави глупави трикови и има свои несигурности.

Погледнете ја рекламата која јасно алудира на култниот филм „Кога Хери ја запозна Сали“.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Сатурн на квадрат: Овие хороскопски знаци треба да ги завршат врските

Следно

ВИДЕО | Пет месеци затвор за учесниците во насилните протести во Ротердам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian