Медицински џем – спас за цревата, природен лек за тврда столица и запек

2 mins read

Причините за запек можат да бидат премалку движење, стресот, лековите, некои витамини, премалку вода, но може да биде и нуспојава на други болести. Иако се чини дека запекот е наивна состојба, тоа не е така, особено ако трае со месециа, бидејќи човекот за тоа време не се чувствува пријатно во својата кожа. Го карактеризираат дефекацијата како и тврдата столица.

Според статистиките секое 10-то лице има проблеми со тоа. Запекот е важно да се излекува поради штетните материи кои треба да се исфрлат од телото што побрзо. Затоа е важно да се испробаат природни помагала, а меѓу најдобрите е џемот. Пациентите кои страдале од запек јаделе една голема лажица од џемот на ден што им ја зголемило зачестеноста на празнењето на цревата.

Урмите имаат широк спектар на здравствени предности, поради кои ги сметаат за најздраво овошје. Тие се извор на природни влакна кои се неопходни за работењето на цревата. Освен тоа помагаат да се обнови цревната флора.

Сливите во цревата се преработуваат бавно поради што доаѓа до помеки столици. Тие се добар извор на природни влакна кои се неопходни за работење на цревата.

Рецепт за лаксативен џем (овој џем го нарекуваат и болнички џем)

Состојки:
150 г урми (1 шолја)
150 г суви сливи (1 шолја)
1,5 мала шолја зовриена вода

Подготовка:

Исечете ги урмите и сливите на парчиња. Ставете ги во зовриената вода и варете додека не се згусне. Добиената колаичина би требало да биде доволна за 20 порции. Овој џем е поволен за сите.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Седницата на бугарската влада започна со едноминутно молчење

Следно

7 ХРАНИ КОИ ГО ПОДГОТВУВААТ ТЕЛОТО ЗА ЗИМА: Тие се сојузници во борбата против настинките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian