Во 30 годишното постоење на независната македонска држава забележани се неколку големи несреќи во кои загинаа поголем број патници.
Во три авионски несреќи на комерцијални авио линии на територијата на Македонија загинаа 219 патници, 10 жртви има во две несреќи со мали авиони и со 9 жртви беше авионската несреќа во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски и неговите соработници, но се случи на територијата на БиХ.
Во 3 хеликоптерски несреќи загинаа 17 припадници на македонската армија. Во единствената бродска несреќа на Охридското езеро имаше 15 жртви, а во автобуската несреќа кај Тетово кога излета од патот автобус на „Дурмо турс“ загинаа 16 патници. Во последната автобуска несреќа во Бугарија трагичниот биланс е 46 сограѓани, меѓу кои 12 се деца.