Капело удри по „старата дама“: Челси му одржа час по фудбал на Јувентус

2 mins read

Славниот италијански тренер отворено зборуваше за разликите во пристапот на фудбалот во италијанската и англиската лига откако вчера Челси со 4:0 го декласира Јувентус во петтото коло од Лигата на шампионите.

Дуелот на Челси и Јувентус преставуваше натпревар за првото место во групата Х, а со убедливиот триумф, „сините“ се искачија на врвот на табелата поради подобриот меѓусебен скор.

– Челси му одржа вистинска фудбалска лекција на Јувентус. Доколку го земеме Ливерпул за пример, тие играат агресивно и вертикално. Сега видовме дека Челси никогаш не ја враќа топката, никогаш не одат наназад туку се проактивни и одат само напред без да му додаваат на голманот – ја започна Капело својата анализа и потоа продолжи:

– Тоа е ритам на кој италијанската лига не е навикната. Голема разликата во брзина и во квалитет на Премиер лигата во однос на Серија А. Постои уште еден притисок, тоа се дуелите. Коге ќе влезете цврство во дуел, судијата не свири прекршок кој сигурно би се судел во Серија А. Во Италија премногу се игра со голманите. Мислам дека Челси и Ливерпул кои се под влијание на двајца германски тренери, се клубоови од кои сите италијански екипи и тренери треба да учат.

Капело на крајот поентираше и удри по Серија А.
– Еден тренер еднаш ми рече: Како тренираш, така и играш. Кога постои голем интензитет и натпреварувачки дух, а вие не сте навикнати на такво нешто, тогаш станува тешко. Кога тренирате во недоволен ритам, на крајот добивате вакви резултати во Европа

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Наставничката на Аниса од Студеничани: Една клупа во нашата училница ќе остане празна засекогаш

Следно

Black Friday 2021: Попусти во „Липо Диет“ центарот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian