И Спасовски има информации дека немало туби со нафта во автобусот на „Беса транс“

1 min read

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашната емисија „24 анализа“ вели дека и неговите првични информации се дека немало туби со гориво во предниот дел од автобусот кој вчера изгоре на автопат во Бугарија, при што загинаа 45 луѓе.

Сепак, тоа треба да го покаже истрагата, вели тој.

Компанијата „Беса транс“ вечерва преку соопштение негираше дека автобусот превезувал канистри со нафта и пиротехника, како што објавија некои бугарски и македонски медиуми.

Тој информира дека како МВР, ќе ги достават и обезбедат сите документи до бугарското јавно обвинителство, ако тоа го нареди ОЈО.

-Не можам да прејудицирам колку би траела истрагата што ја води друга држава. За нас е важно да се утврдат сите факти. Од интерес за сите нас е истрагата да биде кратка и ефикасна. Ако ме прашувате мене дали треба да се прошири истрагата, мислам дека тоа треба да се направи, со цел да ги покриеме сите можно аспекти на ваков случај. Никој не смее да изостане од одговорност, доколку ја има, одговори Спасовски на прашањето што мисли за најавите дека истрагата за автобуската несреќа би можела да трае и до 6 месеци.

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД и Литванија загрижени поради руското распоредување воени сили на границата со Украина

Следно

ВИДЕО: Џеко го реши Шахтјор, Ајакс по стапките на Баерн

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian