Човек кој невин поминал 40 години во затвор, конечно ослободен

1 min read

Кевин Стрикленд, Афроамериканец од американската сојузна држава Мисури, кој бил погрешно осуден за тројно убиство во 1978 година, денеска беше ослободен по повеќе од 42 години затвор.

Стрикленд (62) постојано да се изјаснувал за виновен откако бил уапсен на 18-годишна возраст, а бил осуден во јуни 1979 година.

Тоа е најдолгиот период што невин човек го поминал во затвор во историјата на Мисури, но според законот на таа држава, тешко дека Стрикленд ќе добие финансиска отштета, пренесува Би-Би-Си.

Седми најдолг притвор на погрешно осудено лице во САД

Според Националниот регистар на ослободени лица, ова е седми најдолг притвор на погрешно осудено лице во САД.

Судот нареди итно ослободување на Стрикленд, кој беше осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување за тројно убиство за време на грабеж на куќа во Канзас Сити на 25 април 1978 година.

Судијата Џејмс Велш во одлуката навел дека „никаков материјален доказ не го поврзувал со делото“, и дека е осуден исклучиво врз основа на неговото сведочење, пренесува АП.

Стрикленд бил осуден од жири составено само од белци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ганиу: Официјално 16 жртви од сообраќајната несреќа се од Чаир, но бројката е поголема

Следно

Бугарски експерти се сомневаат: Причините за несреќата на автопатот Струма ќе останат тајна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian