Амбасадорот Годфри за Отворен Балкан: САД го поддржуваат поврзувањето на регионот

1 min read

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД), Ентони Годфри, во пресрет на средбата „Отворен Балкан – патишта кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“ во Собранието на Србија изјави дека САД даваат целосна поддршка на економската поврзаност на регионот.

Тој рече дека идеите за Отворен Балкан се клучни за евроинтеграциите, но дека ќе го исполни својот потенцијал кога ќе се поврзе целиот Западен Балкан.

Годфри рече дека Отворениот Балкан ќе помогне за зголемување на платите, но и напредок во реформите во евроинтеграциите.

Министерката за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ рече дека околу 100.000 луѓе годишно од три земји кои се дел од иницијативата заминуваат во други земји.

Таа посочи дека ваквите иницијативи можат да помогнат стопанството да работи и да се развива без проблеми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пристојно убави и доволно шик: Каков треба да е дрес кодот на ТВ лицата?

Следно

МАПА: Сите големи несреќи кои досега ја погодиле Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian