7 ХРАНИ КОИ ГО ПОДГОТВУВААТ ТЕЛОТО ЗА ЗИМА: Тие се сојузници во борбата против настинките

4 mins read

Доколку во текот на есента внесувате повеќе индивидуални намирници кои се богати со витамини, подобро ќе го подготвите телото за зимата.

Есента е вистинско време да го подготвиме телото за зимата и она што обично не очекува, а тоа е зголемена циркулација на вируси и поголема можност за настинки. За да ја дочекаме зимата што е можно поподготвено, треба да се храниме што е можно поразновидно и да јадеме храна богата со витамини и минерали кои ќе го зајакнат нашиот имунитет.

Нутриционистите тврдат дека постојат седум намирници со кои доколку се консумираат го подготвуваме организмот за зимата.

1. Мандарини

Ова овошје е полно со витамин Ц, поради што често се користи за време на сезоната на настинки и грип. Освен тоа, познато е дека го забрзува метаболизмот, па се смета и за храна која позитивно влијае на слабеењето. Сто грама мандарини содржат само 34 калории и 30 мг витамин Ц, а со разградувањето на бета-каротинот се добива витамин А, кој е многу важен за добар вид и убава кожа.

2. Јаболко

Познато е дека има силно влијание на имунолошкиот систем, а дури 82% од него е вода. Богато е со влакна и затоа е одличен сојузник на забрзаниот метаболизам. Јаболката се добар извор на неколку антиоксиданси, вклучувајќи кверцетин, катехин и хлорогена киселина. Овие хербални соединенија се одговорни за благотворното дејство на јаболката врз варењето.

3. Портокал

Освен што содржи витамин Ц и вода, портокалите се богати и со минерали: калциум, калиум и магнезиум. Калциумот ги зачувува коските, а калиумот го штити нервниот систем и мускулните ткива. Тие се одличен избор за трудници, но и за деца, како поради зајакнувањето на имунолошкиот систем, така и поради другите благодети што ги даваат.

4. Калинка

Ова е една од најдобрите намирници по кои можете да посегнете во овој период. Освен што калинката поволно делува на здравјето на срцето и циркулацијата на крвта, ова овошје го зајакнува имунитетот и влијае на нашето расположение. Богат е со фитохемикалии кои го стимулира производството на серотонин, познат како хормон на среќата. Хормонот на среќата го намалува нивото на стрес, а недостатокот на стрес е предуслов за добар имунитет.

5. Зелка

За многумина зелката е омилен зимски зеленчук. Во сите варијанти – сирова или кисела, содржи речиси 50 отсто од дневната доза на витамин Ц потребна на нашиот организам. Зелката има антивоспалителни својства, па затоа се препорачува за јадење особено во студената сезона, а незаменлива е и во процесот на зајакнување на имунолошкиот систем.

6. Спанаќ

Овој зеленчук е познат како еден од најголемите извори на калиум и железо и е една од намирниците што дефинитивно треба често да се наоѓа на менито во есен и зима. Полн е со вода, поради што е диетална храна која е пожелен дел од секој оброк.

7. Цвекло

Се смета за една од најздравите зимски намирници, а долго време е познат како главен сојузник во лекувањето на анемија. Пигментот бетацијанин, кој се наоѓа во цвекло, му помага на хемоглобинот да транспортира кислород до клетките. Ова има ефект на зголемување на енергијата, а ако се консумира редовно, ќе го прочисти црниот дроб. Одличен сојузник е за подигање и одржување на имунитетот во текот на есенските и зимските месеци.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Медицински џем – спас за цревата, природен лек за тврда столица и запек

Следно

Џенифер Лоренс: Во ред е Ди Каприо да биде повеќе платен од мене

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian