Во Русија дневно се вакцинираат околу половина милион луѓе, вели министерот за здравство на оваа земја

1 min read

Во Русија во просек дневно се вакцинираат околу половина милион луѓе, а кампањата за вакцинација напредува доволно брзо, изјави денеска министерот за здравство Михаил Мурашко на состанокот на Комитетот за борба против ковид.

– Вакцинацијата се одвива активно. Понекогаш надминува и 500.000 луѓе дневно, рече Мурашко.

Претходната недела вакцинирани се 3,163 милиони Руси, јави агенцијата ТАСС.

– Бројот на вакцинирани Руси на возраст над 60 години е зголемен и сега е околу 55 отсто, рече Мурашко.

Од почетокот на пандемијата, 258,3 милиони луѓе официјално се разболеле од коронавирусот, а повеќе од 5,1 милиони починале.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сочувство до семејствата на настраданите во сообраќајната несреќа во Бугарија 23.11.2021

Следно

Владата и официјално ги прогласи трите дена жалост, донесени и други одлуки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian