ВИДЕО: Местото на трагедијата ден претходно: „Корупцијата убива“, напиша авторот на снимката

2 mins read

Корисник на Фејсбук од Бугарија објави снимка од местото на трагичната автобуска несреќа во која загинаа 45 македонски граѓани. Според многумина возачи запознаени со автопатот, самиот начин на кој што е изградено ова раздвојување на патот може да придонел за трагедијата, бидејќи знакот не е поставен на соодветно место, туку токму на местото каде што се дели патот.

„Вака изгледаше делницата од автопатот Струма ден пред трагедијата. Ставете се на местото на возач на автобус: возите ноќе, по експресен пат со две ленти, една лента за итни случаи. Во еден момент, двете ленти стануваат три без никакви вертикални ознаки што укажуваат дека „третата лента“ има некоја друга цел. Како професионален и совесен возач одговорен за 50 судбини, „останувате“ на безбедната лента по која што возите со вашето возилото, на крајната десна лента. По кривината, сфаќате дека обележувањето ве изневерило, но веќе е доцна. Правите сѐ што е во ваша моќ, но вашата судбина и на уште 50 невини луѓе е веќе предодредена. Корупцијата убива.“ стои во описот на видеото.

Од снимката се гледа дека патот има проширување на коловозот кое се користи како паркинг или место за одмор, одвоено со заштитна ограда околу 100-150 метри во должина. Токму во неа прво удрил автобусот, а потоа се одбил кон банкината меѓу двете ленти од автопатот.

Проблемот со оваа заштитна ограда е што не е доволно добро сигнализирана и нема осветлување. Има само знак дека има исклучување, како и за чешмата, претходно. Самата заштитна ограда е во закривен дел и се појавува одеднаш, што може да доведе до конфузија.

Според авторот на видеото, на местото воопшто нема вертикална сигнализација.

ФОТО+ВИДЕО | ВО ЖИВО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Првиот случај на потпомогнато самоубиство е одобрен во Италија

Следно

Перез загуби уште една битка, Европскиот парламент против богатата Суперлига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian