Спасувачи со дрон трагаат по можни жртви во експлозијата во фабриката близу Белград

1 min read

Во магацинот на фабриката „ЕдеПро“ имало 500 ракети со 30 килограми ракетно гориво, во која се случила страшна експлозија во Бубањ Поток – изјави командантот на белградската противпожарна и спасувачка бригада, Милош Мајсторовиќ.

– Се користи дрон со термичка слика за да се лоцираат можни жртви и повредени – рече Мајсторовиќ.

По пристигнувањето на местото на настанот, како што појасни, било констатирано дека дошло до експлозија во магацин од 240 метри квадратни во кој се складирало сето тоа.

Според досега утврдената ситуација, две лица загинаа, а 16 се повредени, но повеќе лица се водат како исчезнати и во моментов спасувачите трагаат по нив.

Да потсетиме, денеска околу 14 часот се случи страшна експлозија во Бубањ Поток.

ВИДЕО | Силна експлозија во фабрика за оружје во Белград, загинаа двајца работници

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Перез загуби уште една битка, Европскиот парламент против богатата Суперлига

Следно

Германија задолжително ќе ја вакцинира армијата против ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian