Што прави денеска: Росица Мршиќ, модна дизајнерка

1 min read

Нашата позната модна дизајнерка ни раскажа како изгледа едно нејзино деловно и приватно секојдневние.

„Денот го започнувам со утрински ритуал од кафе, цеден сок и некое мало слатко задоволство, а потоа го проверувам дневниот распоред и правам план на работните обврски.

Росица Мршиќ/Приватна архива

Следи кратка прошетка со домашното милениче, после што се подготвувам за излегување.
Најчесто, првата дестинација е моето студио, каде што секојдневно се создаваат нови модни парчиња и каде што се среќавам со клиентите, место кое постојано е во динамика и секогаш се случува нешто креативно.

Откако почна со работа нашиот нов „шоу рум“ (изложбен простор) во новоотворениот „Ист Гејт мол“, тоа е мојата втора дестинација. Остатокот од работниот ден ми е најчесто во движење и завршување на дополнителните обврски.

Модната дизајнерка на една од своите ревии / Фото: Ани и Дими

Попладнето ми е резервирано за подготовка на квалитетен оброк и опуштање во домашна атмосфера.
А, вечерта е резервирана за прошетка, гледање на документарни филмови/серии и читање списанија и литература од мојата област…“

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајиќ пред мечот со Шпанија: Сум победувал со многу полоши тимови

Следно

Уапсен скопјанец за издржување затворска казна за тешка кражба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian