„Северен пол“ на Апчевска  ја освои Големата филмска награда во Шпанија

1 min read

Краткиот филм „Северен пол“ на режисерката Марија Апчевска ја освои Големата награда на 63. Интернационален фестивал на документарен и краток филм „Зинеби“ во Билбао, Шпанија.

Со оваа победа на престижниот филмски фестивал, „Северен пол“ автоматски се квалификува за кандидат за Оскар, а официјално, номинациите за „Златната статуета“ ќе бидат објавени на 8 февруари идната година. Исто така, по победата на Фестивалот во Билбао, „Северен пол“ е во потесниот круг и за Европските филмски награди за 2022 г. што ги доделува Европската филмска академија (ЕФА).

Главните улоги во „Северен пол“ ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Филмот е во продукција на „Кино око“, во копродукција со „Сервиа филм“ од Србија и „Тиволи продукција“ од Унгарија, со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија.

„Северен пол“ е трет краткометражен филм на Марија Апчевска по „Бардо“ (2012) и „Амби“ 2017).

http://kultura.gov.mk/

Претходно

„Рокот на траење“ е значително намален и производите го загубија својот квалитет… Зошто бавна мода?

Следно

Сочувство до семејствата на настраданите во сообраќајната несреќа во Бугарија 23.11.2021

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian