„Промените продолжуваат” од денеска почнуваат со преговори за состав на новата бугарска Влада

1 min read

Победникот на парламентарните избори во Бугарија, коалицијата на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев „Промените продолжуваат”,  денеска ќе ги почне преговорите за клучните политики со цел да се изготви коалициски договор.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на секоја од работните средби ќе учествуваат по тројца експерти од Бугарската социјалистичка партија, „Има таков народ” и „Демократска Бугарија”. Ќе разговараат за главните проблеми на соодветниот сектор, предлозите и мерките што се предвидени според програмите на различните партии. Во секоја од дискусиите ќе учествува еден од лидерите на „Промените продолжуваат”, Кирил Петков или Асен Василев.

Првиот ден ќе се разговара за енергетиката и економијата, транспортот и правдата, а во сабота ќе се разговара за надворешната политика и меѓународните односи.

Состаноците ќе се одржуваат како паралелни дискусии и ќе се пренесуваат во живо на страницата на „Промените продолжуваат” на Фејсбук и Јутјуб.

За време или по дискусиите нема да се даваат изјави за медиумите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев за Утрински брифинг: Страшна трагедија, сочувство до сите граѓани

Следно

Дневен хороскоп за 23 ноември: Ве очекува интересно познанство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian