Перез загуби уште една битка, Европскиот парламент против богатата Суперлига

1 min read

Дефинитивно претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, еден од најголемите иницијатори за формирање на т.н. „Суперлига“ во која би настапувале само најдобрите, најбогатите европски клубови, ја нема поддршката ни од Европската унија!

Прво се побунија навивачите, па европската и светската фудбалска куќа, а сега и Европскиот парламент е против ваквата идеја.

Токму Перез, заедно со Андреа Ањели и други фудбалски моќни луѓе се надеваа дека ова законодавно тело(Европскиот парламент) ќе биде на нивна страна, но тоа не се случи. Ваквата вест ја пренесе и УЕФА.

Европскиот парламент во вторник ја усвои својата нацрт-политика поврзана со спортските натпреварувања, а во нивните планови нема натпреварувања како Суперлигата. За планот гласале 597 пратеници, а против биле само 36.

Усвоениот извештај ги истакнува „солидарноста и правдата“ како клучни вредности на спортот и затоа „силно се спротивставува на деструктивните натпреварувања кои ги поткопуваат тие принципи и ја загрозуваат стабилноста на спортот како целина“, наведуваат шпанските медиуми.

Иако во извештајот не е јасно спомената европската Суперлига, јасно е наведено дека не се поддржува создавање на нови натпреварувања без знаење на спортските федерации на национално и европско ниво.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Местото на трагедијата ден претходно: „Корупцијата убива“, напиша авторот на снимката

Следно

Спасувачи со дрон трагаат по можни жртви во експлозијата во фабриката близу Белград

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian