Одложен концертот посветен на Фреди Меркјури

1 min read

Заради ужасната трагедија која се случи утрово во Република Бугарија и во која животот трагично го загубија наши сонародници, ве известуваме дека концертот “Freddie Mercury Tribute” кој требаше да се одржи утре (24.11.2021) во Македонската Филхармонија, се одложува за вторник (30.11.2021) во 20:00 часот.

Билетите ќе важат за концертот. Сите што не се во можност да присуствуваат, можат да ги вратат билетите, со праќање на мејл на [email protected] или на [email protected].

„Баги комуникации“ упатува искрено сочувство до семејствата на настраданите во големата трагедија. Нема зборови со кои може да се опише тагата за изгубените животи. На повредените им посакуваме брзо закрепнување а на семејствата на загинатите сила во овие тешки моменти.

Ова се денови на молк, тага и сочувство!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утре Ден на жалост во Бугарија за двете трагедии

Следно

„Очите на Земјата“ – светот одблиску преку 3D визуелизација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian