Шпанската „Марка“ на Лионел Меси, сега играч на ПСЖ, му го додели рекордниот осми трофеј за најдобар стрелец во шпанската „Ла Лига“ и по тој повод направи интервју.
Зборуваше за новиот тренер на Барселона и клупската легенда Чави.
– Доаѓањето на Чави е одлична вест. Барса ќе напредува со него, бидејќи тој го знае клубот и знае сè што треба да направи. И кога ја напушти Барса, бевме во контакт, не се сеќавам точно што му испратив, но јас му честитав на враќањето. Не се сомневам дека Барса ќе биде подобра со него и дека ќе се врати на врвот – рече Меси, најавувајќи дека еден ден повторно ќе дојде во Барса.
– Барса е мојот дом и јас ќе се вратам таму еден ден. Доколку можам да помогнам, ќе бидам таму, веќе кажав дека ќе му стојам на располагање на клубот. Се радувам и на враќањето на Дани Алвеш, особено на овој момент има победнички менталитет и ќе биде од голема помош за младите играчи, на теренот и надвор од него – се зборовите на Аргентинецот.
Официјално Барселона не можеше да го задржи поради финансискиот фер-плеј, но сомнежот секогаш останува во јавноста.
– Не знам дали имало некоја друга причина. Но, тоа е тоа, си заминав и времето минува. Ми рекоа дека не можат да го продолжат договорот и не можам да останам. Не мора да го барате виновникот или видите што се случило. Ќе се задржам на тоа што ми го кажаа и тоа е тоа. Секогаш сум навивач на Барселона и им посакувам сè најдобро – вели Меси.